Ботaс побрз од Хамилтон во квалификациите за ГН на Австрија

од Vladimir Zorba

Валтери Ботас со Мерцедес беше најбрз во квалификациите за ГН на Австрија, прва трка од новата сезона. На патеката „Ред Бул Ринг“, Финецот постави време од 1: 02.939 и со тоа ја запиша 12. пол позиција во неговата кариера.

Неговиот тимски колега Луис Хамилтон ќе му прави друштво во првиот ред, додека зад нив ќе бидат Макс Верстапен и Ландо Норис. Големото разочарување беше Ферари. Себастијан Фетел, кој ја освои само 11-та стартна позиција.

По неколкумесечно чекање, се одржаа првите квалификации во Формула 1 за оваа сезона. Најдобар и понатаму е Мерцедес, кој доминираше уште пред пандемијата на коронавирус.

Никогаш во историјата, сезоната на Формула 1 не започнала подоцна. Условите на „Ред Бул ринг“ се погодни за почетокот на јули. Сончевото време и температурата на воздухот од околу 25 степени сочинуваат скоро идеални услови за одржување квалификации. Температурата на патеката на почетокот од квалификациите во 15 часот беше 54 степени.

Трката за Големата награда на Австрија е закажана за утре во 15:10 часот.

Слични содржини