Ботас: Совршен почеток

од Vladimir Zorba

Валтери Ботас победи во првата трка во Формула 1 во 2020 година.

Финскиот возач триумфираше на Шпилберг во Австрија по 71 круга.

Тој беше прв од почеток до крај и го остави зад себе Луис Хамилтон, кој немаше подиум заради казната од 5 секунди.

„Бев под притисок, само погледнете колку Луис имаше шанса да ме престигне. Мала грешка и тоа е тоа. Тој беше навистина брз денес, но успеав да се изборам за моето место и да го контролирам исходот од трката. Денес имавме проблеми и моравме да се грижиме за автомобилот, но најважно е што и двајцата ја завршивме трката и забележавме многу поени. Сè на сè, совршен почеток на сезоната“, рече Валтери Ботас.

Пред Хамилтон, а зад Ботас, завршија Шарл Леклер (Ферари) и Ландо Норис (Мекларен).

Слични содржини