Боцевски: Заев нема намера да поднесе оставка

од Nikola Popovski

Оставка немало, ниту има, ниту ќе има, смета поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор, Ивица Боцевски во емисијата „Само вистина“ за понудената оставка на премиерот Зоран Заев.

Според него, премиерот „нема никаква намера да се повлече од политиката“.

-Тоа беше еден електричен зајак пуштен во јавноста во Македонија, за да не се дискутира околу поразот на изборите. Претпоставувам дека Заев немаше никаква намера да ја напушти функцијата. Ова е само евтин политички театар, смета Боцевски.

Слични содржини