Братот на убиениот Џорџ Флојд повикува на мир

од Stefanija Kuzmanovska

Помладиот брат на убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд повика на смирување на насилните демонстрации кои не стивнуваат ширум САД.

Теренс Флојд изјави дека единствено што сака е полициските службеници одговорни за смртта на неговиот брат да одговараат.

Коментирајќи ги расните немири ширум САД за ABC News, Теренс Флојд потенцираше дека „чувствува дека тоа не е она што беше Џорџ“.

„Понекогаш столку се лутам што ми доаѓа да скршам нечија глава“, рече Флојд, додавајќи дека „неговиот брат тоа не би го одобрил“.

Според него, Џорџ бил мирољубив.

„Брат ми беше за мир. Од многу луѓе ќе слушнете дека тој беше нежен џин”, ​​заклучи Теренс Флојд.

Слични содржини