Британски државјани загинаа во Украина за време на хуманитарна евакуација

од Vladimir Zorba

Британските државјани Крис Пари и Ендрју Багшо загинаа за време на хуманитарна операција за евакуација во источна Украина, соопшти денеска семејството на Пари, неколку недели откако беа пријавени за исчезнати.

„Со голема тага мораме да објавиме дека нашиот сакан Криси беше убиен заедно со неговиот колега Ендрју Багшо за време на хуманитарна операција за евакуација од Соледар, во источна Украина“, се вели во соопштението на неговото семејство објавено од британското Министерство за надворешни работи, пренесе Ројтерс.

Додаваат дека неговата несебична определба да им помогне на старите, младите и ранливите го направило неговото семејство исклучително гордо.

Руската група „Вагнер“ претходно овој месец објави дека нејзините сили го пронашле телото на еден од двајцата Британци кои биле пријавени за исчезнати во источна Украина, на местото на тешките борби меѓу украинските и руските сили, пренесе Танјуг.

Украинската полиција соопшти дека двајцата го напуштиле градот Краматорск и се упатиле во градот Соледар на 6 јануари, а биле пријавени за исчезнати следната вечер откако изгубиле контакт со нив.

Слични содржини