Британски научници во шок: Застрашувачки е што имаме ваков министер за здравство

од Stefanija Kuzmanovska

Британски научници предупредуваат дека укинувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата би било како забрзување на изградбата на фабрики за нови варијанти на коронавирусот, додека ставовите на новиот министер за здравство, Саџид Џавид ги сметаат за „застрашувачки“, пишува „Гардијан“ .

Џавид изјави за „Мејл он сандеј“ дека укинувањето на најголемите ограничувања е најдобриот начин за заштита на здравјето на луѓето. „Правилата што ги воведовме предизвикаа шокантно зголемување на семејното насилство и имаа ужасни последици врз менталното здравје на толку многу луѓе“, рече тој.

Реагирајќи на тоа, професорот Стивен Рикер, од Универзитетот Сент Ендрус, напиша на Твитер: „Застрашувачки е што имаме министер за здравство кој сè уште мисли дека ковид е грип. Кој не е загрижен за нивото на инфекција. Кој не разбира дека оние што прават најдобро за здравјето, прават најдобро за економијата. Кој сака да ги отфрли сите заштити, додека само половина од нас се вакцинирани“. Пред сè, застрашувачки е што имаме министер за здравство кој сака секоја заштита да биде предмет на личен избор, кога клучната порака на оваа пандемија е – ова не е прашање што се однесува само на мене, туку на сите нас“, додаде Рикер.

Некои научници, меѓутоа, веруваат дека олеснувањето на ограничувањата, иако не е без ризик, има смисла.

Пол Хантер, од Универзитетот во Источна Англија, вели дека ревакцинираните луѓе имаат помала веројатност да се заразат, па дури и тогаш тие имаат помала веројатност да заразуваат други.

Слични содржини