Британското разузнавање: Масовното бегство на Русите ќе му донесе нов проблем на Путин

од Stefanija Kuzmanovska

Британското министерство за одбрана објави нова анализа за ситуацијата во Украина, во која се наведува дека во последните седум дена, откако Путин објави делумна мобилизација, има значително заминување на Русите кои сакаат да избегнат да бидат регрутирани во армијата.

Иако не е јасно кои се точните бројки, веројатно е дека бројот на Руси кои ја напуштиле земјата е поголем од бројот на сили што Русија ги испрати да извршат инвазија во февруари 2022 година.

Според британските информации, Русија ја напуштаат претежно добро ситуирани и образовани луѓе.

Затоа, според нивните анализи, може да се појави проблем во Русија.

Имено, во комбинација со оние кои ќе бидат мобилизирани, економијата би можела да има недостиг на работна сила, а во извештајот се наведува дека „одливот на мозоци“ би можел да стане сè позначаен.

Слични содржини