Британците не сакаат заедничка истрага со Русија за труењето на Скрипал

од desk2

 

Британската делегација во Организацијата за забрана на хемиско оружје го отфрли рускиот предлог за заедничка британско-руска истрага за труењето на Сергеј Скрипал.

„Тоа е диверзиона тактика, направена за со нови дезинформации да се избегнат прашања на кои руските власти мора да дадат одговори“, се наведува на твитер налогот на британската делегација, која предлогот го нарече „перверзен“.

Директорот на руската Надворешна разузнавачка служба (SVR) Сергеј Наришкин денеска изјави дека труењето на двојниот агент Сергеј Скрипал во Англија се случило како провокација на американските и британските разузнавачки служби, пренесе Ројтерс.

„Дури и во случајот на Скрипал. гротескна провокација која ја смислија американските и британските разузнавачки служби, некои од европските влади не го следат слепо Лондон и Ваншингтон, туку, место тоа, бираат внимателно да утврдат што се случило тука“, вели Наришкин.

Тој вели дека врз основа на акцијата која против Русија ја презема Вашингтон можно е да почне да се зборува за враќањето во ерата на Студената војна.

„Вашингтон стана опседнат со борба против непостоечка, таканаречена руска закана. Ова достигна такви размери и поприми апсурдни карактеристики дека е можно да се зборува за враќање во мрачната ера на Студената војна“, вели Наришкин во говорот на безбедносната конференција во Москва.

Слични содржини