Бритни Спирс се снимаше топлес на медениот месец (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Бритни Спирс неодамна се омажи за својот партнер Сем Асгари, а сега уживаат во медениот месец.

Бритни Спирс и нејзиниот сопруг отпатуваа во потоплите краишта, а таа како и секогаш ги шокираше своите следбеници со објава на Инстаграм.

Таа сподели видео на кое ужива на плажа, а во еден момент го соблече горниот дел од костимот за капење.

„Втор дел од нашиот меден месец овде во ова неверојатно тропско парче од рајот. Јас само го живеам мојот живот! Еве што се случува кога одите на двонеделен одмор на јахта. Одењето од остров до остров е буквално лудо! Девојки, ако сакате да ослабете, летајте со хеликоптер и ќе ослабете од нервоза. Мислам дека изгубив два килограми за еден ден“, напиша Бритни Спирс во описот на видеото.

Слични содржини