Брнабиќ: За Србија, Тајван е составен дел на Кина

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека Србија ја поддржува политиката „една Кина“ и смета дека Тајван е составен дел на Кина.

„Таа позиција нема да се промени“, истакна Брнабиќ на средбата со кинескиот амбасадор во Србија, Чен Бо.

Кинескиот амбасадор се заблагодарил на Србија за конзистентниот став и поддршката за Кина по ова прашање, соопшти кабинетот на премиерот на Србија.

Таа додаде дека Србија се уште може да смета на континуирана поддршка од Кина на меѓународно ниво, но и на развој и унапредување на соработката во областите како зелената агенда, енергетиката, биотехнологијата и развојот на нови технологии.

На средбата се разговарало и за продолжување на развојот на политичките и економските односи.

Слични содржини