Брнз на средба со независните пратеници, разговарале за важноста за Законот за јавно обвинителство

од Берта Китинска

Законот за јавно обвинителство бил тема на разговор на групата независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, која на својот Твитер профил објави дека одржала продуктивна средба за поддршка на реформите.

-Одржав продуктивна средба со групата независни пратеници денеска, за важноста од поддршката на континуираните реформи, вклучувајќи го и законот за јавното обвинителство, кој ги унапредува целите за владеење на правото, транспарентност, одговорност и добро владеење, напиша Брнз на профилот.

Слични содржини