Бројот на жртви од земјотресот во Турција се зголеми на 48.448, откриено колку од нив се странци

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на жртви од разорниот земјотрес што минатиот месец ја погоди јужна Турција се зголеми на 48.448, од кои 6.600 се странци, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Мехмет Нури Ерсој.

„Повеќето од загинатите странци се наши сириски браќа и сестри“, рече Ерсој на прес-конференција во најтешко погодената провинција Малатија.

Тој додаде дека работата на отстранување на урнатините продолжува, пренесува „Анадолија“.

Слични содржини