Брутална ждрепка – Ѓоковиќ мора да ги победи Федерер и Надал за да стигне до финалето на „Ролан Гарос“

од Vladimir Zorba

Новак Ѓоковиќ, првиот светски рекет, би можел да се сретне со Роџер Федерер во четвртфиналето, или со Рафаел Надал во полуфиналето на Ролан Гарос, ако сите тројца ги оправдаат улогите на фаворити во нивните дуели.

На ждрепката што се одржа во Париз, Новак не можеше да помине потешко бидејќи најголемите ривали – Федерер и Надал го чекаат на патот до финалето.

Најдобриот тенисер на светот во првото коло ќе се сретне со Тенис Сандгрен, потоа во второто коло ќе се соочи со подобриот играч од дуелот Лука Пуј – Пабло Куевас, додека во третото коло може да се сретне со домашниот тенисер Иго Умбер .

Доколку фаворитите се сигурни, Ѓоковиќ во осминафиналето ќе се соочи со искусниот Белгиец Давид Гофан, а потоа во четвртфиналето ќе гледаме „класико“.

Роџер Федерер не се прослави пред Ролан Гарос, но се очекува да игра најдобро што знае на Гренс слемот, па сите се надеваат дека ќе се пласира во четвртфиналето и дека ќе го добиеме дуелот меѓу двајцата великани.

Србинот ќе биде фаворит на тој дуел, а доколку ја оправда таквата улога, во потенцијалното полуфинале ќе се сретне со Рафаел Надал.

Шпанецот славеше на последниот натпревар во финалето на Рим, во дуел полн со драма и напнатост. Доколку Новак успее да се одмазди и да слави, најверојатно во финалето ќе го чекаа Стефанос Циципас или Доминик Тим.

Во половината на Новак се уште Андреј Рубљов, Матео Беретини, Диего Шварцман и други квалитетни тенисери, додека во другиот дел ќе се борат Медведев, Циципас, Тим, Зверев …

Слични содржини