Бубрезите на починатата Динева трансплатирани кај двајца пациенти, тие се во стабилна состојба

од Берта Китинска

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна здравствена состојба.

Од Клиниката за Урологија информираат дека интензивно се следи постоперативниот тек и функцијата на трансплантираните бубрези.

Трансплантирани се двајца пациенти, жена на 45 годишна возраст од Скопје и маж на 40 годишна возраст од Куманово. Двајцата пациенти беа со хронична бубрежна слабост и со години на дијализа.

Од Министерство за здравство нагласуваат дека на трансплантација на бубрези работеше стручен тим на уролози под водство на д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Александар Јосифов и анестезиологот Александра Гавриловска од КАРИЛ, како и Проф. Гоце Спасовски, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и д-р Светлана Павлеска од Клиниката за нефрологија.

На двајца пациенти на 43 и 40 години им се донирани бубрези од Емилија Динева од Дојран, која го изгуби животот во сообраќајна несреќа.

Слични содржини