Бугарите во земјава бараат средба со Вархеји: „Нема желба за дијалог од македонските власти“

од Nikola Popovski

Здруженијата на македонските Бугари во земјава побарале средба со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји и се пожалиле поради , како што велат, „институционалната омраза и систематската дискриминација кон нив“.

Во своето писмо тие нагласуваат дека „во Македонија нема желба за дијалог со нив од страна на локалната и централната власт“.

-Охрабрени од вашата неодамнешна изјава и подготвеност да не примите, ви пристапуваме со намера и се надеваме дека таквата средба ќе се одржи што е можно поскоро, се разбира, под услов вашата способност. Секојдневното стигматизирање на нашата бугарска заедница и неможноста да се воспостави дијалог со локалните и националните власти создава предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас граѓаните на РСМ, кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет, стои во писмото што го објавија бугарската агенција БГНЕС.

Вархеји неодамна во интервју изјави дека е подготвен да се сретне со претставници на организациите на македонските Бугари доколку побараат средба со него.

-Мојата врата е секогаш отворена за секоја заинтересирана страна од која било земја кандидат, рекол Вархеји.

Слични содржини