Бугарската потпретседателка: Има само две опции во кои Бугарија ќе ја одобри преговарачката рамка за С. Македонија

од Nikola Popovski

„Или ќе инсистираме во преговарачката рамка за Република Северна Македонија да има последно 35-то поглавје и за време на процесот на преговори да следиме дали се почитува Договорот за добрососедство или во неа да се вметнат барањата на Бугарија за почитување на Договорот“, изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, откривајќи ги двете опции за Бугарија да даде зелено светло за преговарачката рамка за Северна Македонија со ЕУ.

Според неа,  кога настана целиот случај со Република Северна Македонија, немало ниту една земја членка на ЕУ што го поддржа бугарскиот став.

„Бугарија речиси една година изгубила време да им ја објасни својата позиција на европските партнери и да ги придобие на своја страна“, истакнала Јотова во изјавата за БНТ.

Таа не одговори на прашањето за издадените бугарски пасоши на македонски граѓани и дали се зголемува бројот на барања, со оглед дека таа ги потпишува одобрените барања и кусо рече дека не може да кажа конкретна бројка, бидејќи процедурата трае подолго време.

Слични содржини