Бугарски член на Историската комисија: Се врши притисок врз С. Македонија да биде поостра во преговорите

од Nikola Popovski

Никогаш не сме биле под притисок за време на преговорите на Заедничката историска комисија, додека другата страна има таков притисок, да биде поостра со нас, изјавил проф. Иван Илчев, член на Бугарско-македонската историска комисија, објави бугарска „Нова“.

Тој го коментираше и неодамнешниот попис на Бугарите во Македонија.

„Не сум слушнал толку пцовки за оние кои се осмелиле да се наречат Бугари во Македонија, колку од македонската пописна комисија. 3500 луѓе се осмелија да кажат дека се Бугари по повеќе од 100 години насилство врз нив. Ова не е малку број и говори за ставовите негувани во Република Северна Македонија со децении“.

Според него, иако има 100.000 луѓе со документи за бугарско потекло, не се знае колку од нив се чувствуваат како Бугари.

„Напредокот за тоа што ќе се учат децата во северна Македонија е нула. За прв пат Македонците гледаат дека има друга гледна точка за нивната историја. Во 2019 година тие прифатија дека царот Самуил е легитимен наследник на бугарскиот царска традиција. Сега воопшто не сме разговарале за него“, објасни тој.

Илчев додаде дека требало да бидат објавени записниците од состаноците на Историската комисија.

„Македонците очекуваат ЕУ да ни ги изврти рацете додека не ги прифатиме нивните тези“, рече историчарот.

За него, трговијата на Македонија е насочена кон Солун и Белград.

Слични содржини