Бун: 2030 година е реална цел за македонското членство во ЕУ

од Vladimir Zorba

Северна Македонија припаѓа на семејството на ЕУ, одлуката е во ваши раце, сега треба да се направи чекорот, се трите конкретни пораки што ги упати денеска државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун на заедничката прес-конференција по средбата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и останатите претставници од „Вајмарската тројка“, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, како и министерот за ЕУ на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк.

Таа напомена дека дискусијата околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија, туку, како што рече, Северна Македонија потоа автоматски ќе се најде на патеката на пристапување. „Нема никакви дополнителни барања од ниедна друга земја, но има барања за ревизија на Уставот“, порача Бун.

Според државната секретарка, 2030 година е реална цел за македонското членство во ЕУ. Нејзина оценка е дека Северна Македонија има се за да напредува кон Унијата и наскоро да се приклучи кон ЕУ.

-Имам три пораки за вас. Првата е дека Северна Македонија припаѓа на семејството на ЕУ. Втората е дека одлуката сега која што се наоѓа во рацете на Северна Македонија, а третата порака е како што посочи вицепремиерот дека сега треба да се направи чекорот на Северна Македонија поради импулсот на сила што го имаме за проширување на ЕУ. Можеби уште една работа што сакам да ја кажам од наша страна е дека оваа дискусија околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија, автоматски Северна Македонија ќе се најде на патеката на пристапување потоа. Значи, нема никакви дополнителни барања од ниедна друга земја. Меѓутоа, има барања за ревизија на Уставот да се заврши тоа секако и повторно автоматски Северна Македонија ќе влезе во следната фаза на процесот на пристапување и исто така го спомнавте тоа вицепремиере во сферата на владеењето на правото, правдата и економската сигурност и реформите кои Северна Македонија треба сама да ги направи за себе, истакна Бун.

Слични содржини