Бундеслигата не сака да има повластен третман за вакцинирањето против коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Германската фудбалска Бундеслига не сака да има повластен третман за време на вакцинирањето против коронавирусот.

„Прво се на ред постарите лица и лицата во домовите за стари лица и болниците. Ние фудбалерите доаѓаме на ред некаде во јуни или јули. Нема да се туркаме преку ред“, изјави тренерот на Борусија од Менхенгладбах, Марко Розе.

„Примерно ќе застанеме во ред и ќе чекаме“, рече менаџерот на Келн, Хорст Хелт.

Од Бундеслигата посочуваат дека вакцинирањето започнало неодамна во Германија и дека се поставени јасни приоритети во стратегијата за вакцинација.

Слични содржини