Бурата Кјара ќе го чини британското осигурување 241 милиони евра

од Stefanija Kuzmanovska

Штетата предизвикана од невремето Кјара што ја погоди Велика Британија на почетокот на февруари ќе ги чини осигурителните компании околу 200 милиони фунти, пишува „Гардијан“.

Финансиската штета предизвикана од невремето и од поплавите по домови, автомобили и деловни објекти ја проценија експерти за осигурување на компанијата PwC.

Тие исто така предупредија дека сегашното невреме Денис уште повеќе ќе ја зголеми сумата што на крајот ќе ја платат осигурителните компании.

Слични содржини