Чешки културни денови во Скопје

од Vladimir Zorba

Амбасадата на Република Чешка деновиве организира серија настани по повод 30 години од „Кадифената револуција“ во Чехословачка.

На Меѓународниот фестивал „Богородичен покров“ што почнува денеска и ќе трае до 19 октомври, ќе бидат прикажани два чешки документарни филма „Црвена“ од режисерката Олга Сомерова и ,,Мојот век“ од режисерката Теодора Ремундова.

На 29 октомври амбасадата на Република Чешка во Скопје ќе организира изложба на фотографии „1989 низ очите на фотографот“ на која ќе бидат прикажани серија од фотографии направени за време на големите протести.

На 2 и 3 ноември во Скопје ќе почне фестивалот на Европскиот филм „Cinedays“ на кој ќе бидат прикажани повеќе чешки филмови: „Граѓанинот Хавел“ во режија на Мирослав Јанек и Павел Коутецки, „Чад“ во режија на Томаш Ворел, „Животот според Вацлав Хавел“ во режија на Андреа Седлачкова, „Времето на слугите“ во режија на Ирена Павласкова

Слични содржини