Четири американски воени брода пловат кон Газа за изградба на ветеното пристаниште

И Белата куќа призна дека испраќањето помош со камиони е поефикасен пристап, но тоа не го ја попречи реализацијата на најавениот план на Пентагон

од Бети Божиноска

Четири американски воени брода натоварени со повеќе тони опрема и челишни пристанишни сегменти испловиле вчера од Вирџинија кон Газа во обид да го исполнат ветувањето за исградба на пристаниште што ќе ја поврзе енклавата разорена од војната со остатокот од светот, дадено од американскиот претседател Џо Бајден, пренесува „Брејтбарт“.

На бродовите ќе им треба најмалку еден месец за да впловат во водите на Медитеранот, каде што на крајбрежјето на Газа трупите на 7-та Транспортна бригада на американската војска треба да го исгради и да управува со пристаништето подигнато со пари на американските даночни обврзници.

Бајден ја вети изградбата на пристаништето во своето годишно обраќање за состојбата на Унијата иако израелската влада во повеќе наврати истакна дека во Газа веќе влегуваат неограничени количества храна, но проблем е нејзината дистрибуција зашто Хамас краде голем дел од неа.

И Белата куќа призна дека испраќањето помош со камиони е поефикасен пристап, но тоа не го ја попречи реализацијата на најавениот план на Пентагон кој предвидува американската војска да изгради модуларна, пловеќка платофмра на која бродовите ќе можат да ги растовараат големите контејнери со помош, која потоа ќе биде префрлена на брегот.

Властите не прецизираа кој ќе ги растовара контејнерите и кој же ја носи помошта на копно со оглед на тоа дека Бајден истакна оти во Газа на копно нема да испраќа американски трупи.

 

Слични содржини