Четиричлено семејство почина од коронавирус во период од десет дена

од Nikola Popovski

Во текот на десет дена, четири членови на едно семејство во американската сојузна држава Луизијана починаа од новиот коронавирус.

Антоанет Френклин (86) од Њу Орлеанс и нејзините синови Херман Френклин Јуниор (71), Тимоти Френклин (61) и Ебтони Френклин (58) биле позитивни на Ковид-19, се разболеле речиси во исто време, и починаа во периодот од 20 и 30 март, пишува весникот „Њујорк дејли њуз“.

Во Луизијана до вчера попладне се потврдени 16.284 заразени со коронавирус и 582 смртни случаја.

Слични содржини