Четворица Македонци и еден Кинез сакале да влезат во БиХ со лажни ПЦР-тестови

од Nikola Popovski

Припадниците на единицата за гранична полиција кај Бјелина, БиХ откриле во два одделни случаи пет фалсификувани ПЦР тестови за коронавирус за време на проверката на пет странски државјани.

Станува збор за државјанин на Кина и четворица државјани на С. Македонија кои вчера биле контролирани на граничниот премин Рача, објави граничната полиција на БиХ.

Поради основано сомнение дека исправите се фалсификувани, за настаните бил информиран обвинителот на Окружното јавно обвинителство во Бјелина, според чија наредба, случаите биле предадени на службениците на граничната полициска станица Сремска Рача на Српското министерство за внатрешни работи.

Од септември минатата година до 31 март годинава, припадниците на граничната полиција на БиХ, за време на граничните проверки на границата со БиХ, откриле повеќе од 80 резултати од ПЦР за кои биле изразени сомневања. Најмногу фалсификувани тестови се пронајдени кај граѓани на Турција, Кина, Северна Македонија, Германија и Словенија, пишува Срна.

Слични содржини