Чикаго: За празничниот викенд убиени 17 луѓе, од кои 2 деца! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Минатиот викенд беше еден од најкрвавите во историјата на Чикаго, со убиени 17 лица, меѓу кои и седумгодишно девојче и 14-годишно момче, а уште 70 се повредени, и покрај заедничките напори да се запре насилството со дополнителни 1.200 полицајци на улиците.

Насилството беше многу полошо од минатата година, кога шест лица загинаа, а 66 беа ранети во престрелките низ градот во текот на викендот на 4 јули, пренесува АП.

По релативно тивкиот петок, првото пукање се случи околу 7 часот во саботата наутро.

Седумгодишната Наталија Валас стоеше на тротоарот пред куќата на нејзината баба на градскиот Западна страна за време на прославата на Денот на независноста, кога, според полицијата, осомничени излегле од автомобилот и отвориле оган. Детето било фатално погодено во главата.

Околу три часа откако беше убиена Наталија, група млади луѓе за кои се верува дека се членови на банда излегле од возило во градот Инглвуд, на јужната страна на градот и отвориле оган кон еден ривалски член на банда.

Но, едно дете, 14-годишен Вернадо Џонс, се најде во близина, а еден од куршумите упатен кон човекот кој беше убиен, го погоди и Вернадо.

Смртните случаи следеа по серија престрелки низ САД, во кои загинаа неколку деца, меѓу кои шестгодишно момче во Сан Франциско, шестгодишно момче од Филаделфија, 8-годишно девојче во Атланта, 11-годишно девојче од Колумбија, Мисури и 8-годишно момче од Ховер. Алабама

Слични содржини