Чиле: Најмалку 245 куќи уништени во пожар за кој се верува дека е подметнат

од Aleksandar Petrovski

Најмалку 245 куќи се уништени или оштетени во пожар во чилеанскиот пристанишен град Валпараисо, изјави главниот судија на регионот, Хорхе Мартинез Дуран.

Неколку населби на градот беа евакуирани, соопшти пожарникарската служба, а надлежните органи организираа две привремени засолништа за жители на делови од градот погодени од пожарот.

Властите веруваат дека пожарот е подметнат и отворија истрага.

Пожарот, потпомогнат од летните температури на јужната хемисфера и силните ветришта, избувна во шумската област и потоа се прошири во градот во централниот дел на Чиле.

Според Службата за цивилна заштита, пожарот зафатил површина од 140 хектари.

Стариот дел од градот Валпараисо со своите историски градби, стрмни улици и скали се наоѓа на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Слични содржини