Чижов: Приемот на Македонија во НАТО ќе биде грешка со последици

од desk2

Постојаниот руски претставник во ЕУ, Владимир Чижов во интервју за грчкиот весник „Катимерини” вели дека се надева оти решението на спорот за името меѓу Атина и Скопје ќе придонесе за стабилноста, но напоменува дека приемот на Македонија во НАТО ќе биде „грешка со последици”.

„Се разбира, нема да фрлиме нуклеарни бомби…Како што реков, секоја земја има право да носи одлуки и да прави сопствени грешки. Но, има грешки… Има грешки кои имаат последици”, изјавил Чижов, одговарајќи на прашањето за руска реакција на можното пристапување на Македонија во НАТО.

Во интервјуто кое што го пренесува Спутник, тој го коментира и Договорот што го постигнаа Македонија и Грција. „Според мене, ова прашање требаше одамна да се реши за да може двете земји да имаат добри соседски односи и соработка. А, за суштината на договорот, ќе видиме како ќе се развува ситуацијата, со оглед дека знаеме за реакциите во двете земји”, вели Чижов.

Тој се надева оти спорот за името ќе се реши на билатерално ниво, без мешање однадвор. „Овој договор, се надеваме, ќе ја зајакне стабилноста на Балканот и сорабоката меѓу двете земји, но не треба да се гледа како оправдување за брз пристап на вашиот сосед во воениот сојуз”, изјавил рускиот амбасадор. Русија, според него, не се спротивставува на проширувањето на ЕУбидејќи секоја земја право да носи свои одлуки, но има малку поинаков став за НАТО. „Проширувањето на НАТО е нешто поинакво. Во основа тоа е обид да се бориш со заканите и предизвиците во 21 век со средства и механизми од 20 век”, вели Чижов за „Катимерини”./Makfax

Слични содржини