Чудна сцена од Белград: Група со верски симболи меѓу демонстрантите (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Фрлање солзавец, факели, камења, пари … се само некои од сцените што ги обиколија регионот и светот од Белград, каде протестите продолжуваат веќе втора вечер по ред.

За време на вечерашните демонстрации, се случи чудна сцена кога група на луѓе со верски симболи се појави на улица.

Тие побараа од демонстрантите да не ги напаѓаат полицајците, а потоа клекнаа со крстови и икони.

Полицискиот кордон минуваше мирно, а сите собрани аплаудираа на овој потег.

Ситуацијата во Белград останува драматична.

Топовски удари и судирите меѓу жандармеријата и демонстрантите не престануваат.

Неколку лица се повредени, меѓу кои и лидерите на опозицијата Сергеј Трифуновиќ и Бошко Обрадовиќ.

Слични содржини