Чулев: 42 лица на возраст над 67 години не ја почитувале мерката за ограничување на движењето

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев преку Фејсбук информираше дека 1322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, од кои 62 лица на возраст до 18 години и 42 лица на возраст над 67 години.

Тој изрази благодарност до граѓаните кои го почитуваат полицискиот час, воведен поради коронавирусот.

„Приведени се вкупно 519 лица, опоменати се 223 лица, а за останатите земени се податоци и ќе следуваат дополнителни мерки. Најголем дел од лицата се на територијата на СВР Скопје. До основното јавно обвинителство до сега поднесени се вкупно 483 кривични пријави и 73 известувања“ напиша Чулев.

✋ Благодарност до граѓаните кои ги почитуваат одлуките на Владата за ограничување на движењето како една од мерките за…

Публикувахте от Наќе Чулев в Събота, 4 април 2020 г.

Министерот Чулев дополни дека до сега на 2405 лица им се издадени решенија за изолација, а вкупно 9793 лица пополниле изјава за самоизолација.

Слични содржини