Чулев негира дека ја попречувал истрагата за кокаинот

од Vladimir Zorba

Министерот за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев преку својот фејсбук профил ги демантираше обвинувањата дека ја попречил меѓународната акција за спречување шверц на кокаин, во чии рамки беше запленет еден килограм дрога во селото Крушопек.

„Имено, во координација со италијанските партнери и надлежен македонски јавен обвинител на мојата прес конференција, и покрај инсистирањето на медиумите, информациите кои јас ги објавив, беа строго селектирани, целосни и точни. Ниту еднаш во моето обраќање на споменав количина, контролиран транспорт и имиња на конкретни држави.

Веројатно, изнервирани од фактот дека медиумскиот ексклузивитет го граделе врз основа на неточни и непроверени информации, моите политички противници се обидоа тој гаф да го сокријат со евентуални забелешки дека со мојот прес сум ја попречил истрагата. Притоа, со оглед дека меѓународната операција е комплетирана, потврдувам дека 1.129 кг кокаин од Колумбија беа наменети со крајна дестинација во нашата држава, а дека 1 кг кој беше фатен кај нас беше дел од контролиран транспорт.

Активностите на МВР во координација со ОЈО продолжуваат и понатаму во насока на идентификување и на други правни субјекти и физички лица инволвирани во наведените криминални активности.

Во оваа прилика сакам да изразам огромна благодарност до нашите италијански партнери, но и до партнерите од Регионот и пришадниците на МВР, ОЈО и Царина без кои немаше да се реализира оваа значајна акција против кокаинската мафија“, посочува Чулев.

Реакцијата следи откако синоќа дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска, во емисијата „360 степени“ рече дека италијанските власти му реагирале на министерот Чулев за издавање информации во јавноста за акцијата за заплена на кокаин во Крушопек.

Слични содржини