Д-р Баловски: Делта-сојот ги напаѓа младите на возраст од 18 до 30 години

од Nikola Popovski

Овој делта-сој, овој нов бран ги бира младите луѓе, невакцинираните, односно најчесто граѓаните на возраст од 18 до 30 години, бидејќи оваа возрасна група не е заинтересирана за вакцинација, вели пулмологот Марјан Баловски од ГОБ „8 Септември“ во интервју за ТВ 24.

Според него, овој бран има разлика во симптомите на заразата.

-Во почетокот можете да имате главоболка, кивавица, течење на носот и да помислите сте седеле под клима или сте возеле со отворен прозорец, или да мислите дека баш сега сте добиле алергија за првпат. Најчесто младите мислат дека не е ништо сериозно, а го шират вирусот, па затоа сакам да испратам еден апел до сите кои првично сметаат дека имаат симптоми на алергија или настинка да се изолираат поради можноста да се преносители на Ковид-19, вели Баловски.

Тој информира дека сега е потребна многу помала концентрација на вирус, присутен во просторот каде што претстојувате, за да се фати Ковид-19 за рецепторите и да навлезе во организмот.

Слични содржини