Д-р Беќаровски: Веќе ја надминавме бројката на починати од конфликтот во 2001-ва ако тоа не е доволен показател јас не знам што би требало да направиме

од Берта Китинска

Ги повикав сите доктори да застанат зад здравјето на граѓаните. Прес конференција да се оддржи внатре во или пред Инфективната клиника за за народот конечно да сфати дека навистина се бориме со невидлив непријател. Државата ни е во еден вид на војна од која што загубите се огромни, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Д-р Нико Беќаровски.

Бројот на смртни случаи поголем од конфликтот во 2001 година.

-Веќе ја надминавме бројката на починати од конфликтот во 2001 година. Ако тоа не е доволен показател јас не знам што би требало да направиме. Оние кои што тврдат е резултат на пропагандата која што се врши посебно по социјалните мрежи, каде што за жал има и наши колеги кои што тврдат дека вирусот не постои и дека се работи за обичен грип. Ние здравствените работници веќе сме упорни. Три месеци под полна спрема, 24 часа со скафандер, маска и мантил на нас, веќе не се издржува, вели Беќаровски.

Слични содржини