Д-р Дохчев: Кај еден од двајцата пациенти трансплантираниот бубрег не профункционира

од Берта Китинска

За жал вчера едниот трансплантиран бубрег не профункционира и моравме да го извадиме, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Д-р Сашо Дохчев, директор на Урологија.

Тој кажа дека операцијата кај другата пациентка поминала без компликации.

-Кај пациентот од кој го извадиме трансплантираниот бубрег од старт имавме проблеми и дилеми дали воопшто да почнеме со трансплантацијата, затоа што од самиот почеток знаевме дека едниот од бубрезите кај кадаверот е беше помалку вреден. Но, сепак се одлучивме да помогнеме на уште еден пациент, кој беше на листата на чекање, изјави Дохчев.

Операцијата траела девет и пол час за да се најде прикладна вена и да се поврзе бубрегот со артеријата.

-Кај овој пациент имавме сознание дека крвните садови се проблематични, но сепак го прифативме ризикот. Само од должината на операцијата можете да замислите со какви проблеми се соочувавме – девет и пол часа. Проблем беше што не можевме да најдеме прикладна вена. Успеавме некако да најдеме и да го поврземе бубрегот со артеријата и се израдувавме. Првите капки на урина ги добивме при самата операција. Тоа беше голема радост за сите нас. После 11 минути од пуштањето на крвотокот во бубрегот успеавме и добивме успешна диуреза. Помисливме дека во подоцнежниот период ќе почне да профункционира бубрегот уште подобро, но за жал онаа дискрепанца меѓу дотокот на крв во бубрегот и помалиот одвод на крв направи проблем,  рече д-р Дохчев.

Слични содржини