Д-р. Киријас: Вакцинираните лица ќе имаат антитела и клеточен имунитет, засега знаеме дека трае една година

Во рамки на своето интервју дадено за МИА, Д-р. Мери Киријас од Институтот за имунологија, ги анализираше сите дилеми околу вакцините против Ковид 19.

Меѓудругото, таа на прашањето дали кај нас има нус појави по однос на другите вакцини, освен оние на Астра Зенека, Киријас вели:

„Вака сериозни или навистина многу ретки несакани ефекти имаше со „Фајзер“ вакцината со минлив фацијалис, нели парализа на нервосфацијалис, како една од поретките несакани ефекти што беше пријавена, за другите нема нешто друго да сме слушнале. Имало некои пак случаи со тромбози со „Фајзер“, меѓутоа исто така се уште не се потврди дали се причинско-последични поврзани или не. Ова се сега случаевите нели за „Астра Зенека“ после помасовна апликација на истата вакцина. Претпоставувам дека и за другите, зависно колку внимателно се следат ќе дознаваме нови и нови информации ако навистина има такви или ќе останеме само на оние очекувани несакани реакции – ден до два после апликација на вакцините“, посочи таа и додаде:

„Не кај нас, ама во светот се регистрирани вакви реакции од вакцината „Фајзер“. Но, таквите случаи се ретки и во Америка ги имаше само неколку “

Во однос пак, на создадените антитела и употребата на вакцините, Киријас одговори и  колкаво треба да е нивото на антитела кај лице кое прележано Ковид-19 за да може да се вакцинира.

„Често пати сега кружат тие информации со анализа на антитела, па бројки. Генерално нема студија која што докажа дека одредена бројка штити повеќе во однос на друга бројка за предноста за концентрација на антитела. Значи, присуство на антитела значи заштита, не е важна колкава е таа бројка од моменталните информации коишто ги имаме. Тоа значи особа која што прележала КОВИД има заштита и заштитата не е само антителата. Тоа е нешто што ни е померливо и затоа нели сега се зборува толку, меѓутоа тука е и клеточниот имунитет којшто секако останува како меморија, како памтење кај индивидуите.

Во однос на вакцинацијата исто така се создаваат и едната и другата гранка од имуниот систем се вклучени, така што лицата ќе имаат и антитела и клеточен имунитет. Колку долго ќе трае, како што кажав, ќе видиме. Засега немаме податоци, меѓутоа секако се очекува дека една година ќе трае тој имунитет“, посочи Киријас.

 

Слични содржини