Д-р Марковски: Чест е да се биде дел од највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Професорот  доктор  Вело Марковски во изјава за Сител рече дека  му е чест што е дел од највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ и му е задоволство што партијата ја проценила неговата стручност и помош во една ситуација на пандемија.

-Господинот Мицкоски процени и ја ценеше мојата стручност дека можам да помогнам и треба да помогнам, јас тоа го прифатив, затоа што чест е да се биде дел од највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ и да пробаме преку политиката да помогнеме повеќе во оваа состојба, вели професорот Марковски.

Професорот истакна исто така дека иако оваа пандемија е една војна, постои индиферентност на властите во врска со состојбата со коронавирусот, како и тоа дека бил критички настоен кон  одредени одлуки на државата во врска со коронакризата, затоа што не сметал дека доволно се пренесува науката.

-Кога сме во војна нам не ни требаат дополнителни поделби, ни требаат обединувања за да не дојдеме за неколку месеци да Владата се огради од некои мислења на Комисијата за заразни болести, потенцираше професорот Марковски.

За новите потенцијални мерки кои денеска се најавија од страна на министерот за здравство, Марковски вели дека до сега однесувањето беше како по шведскиот модел, па не гледа некоја разлика во однос на мерките кои беа претходно.

Марковски рече дека  му е чест што е дел од највисокото тело на ВМРО-ДПМНЕ и му е задоволство што ВМРО-ДПМНЕ ја проценила неговата стручност и помош во една ситуација на пандемија.

Слични содржини