Д-р Петличковски: Вакцинирањето после месец дена од прележувањето на Ковид-19 не е штетно

од Nikola Popovski

Проф. д-р Александар Петличковски од Инситутот за имунологија смета дека мора да се направи разлика човек има позитивен ПЦР-тест или реално се заразува по вторпат.

-Тоа не е исто. Веќе не е невозможно имунизиран човек, кој ја прележал болеста или е вакциниран да има вирус во носот, кој се детектира со ПЦР-тест. Тоа не е разболување и апсолутно се очекува симптомите да бидат многу благи, ако воопшто ги има, вели тој за ТВ Канал 5.

Според него, вакцинирањето после месец дена од прележувањето не е штетно.

-Ризикот за реинфекција е помал кај луѓето што ја прележале болеста и плус биле дополнително вакцинирани. Тие се со најдобри шанси за да не дојде до реинфекција, информира Петличковски.

Слични содржини