Да го мериме гласот на Џафери каков е во живо, а каков на телевизија, вели Милошоски за снимката

од Nikola Popovski

Оваа власт е стручна и вешта по однос на снимки и вештачења. Ако сметаат дека тоа треба да го направиме и дека тоа што го слушнавме не е точно, тогаш да го мериме гласот, фонијата на Џафери каков бил на телевизија, а каков во живо, па нека прават автентично толкување, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски одговарајќи на прашањето дали ќе има барање од власта за утврдување на автентичноста со контроверзната снимка на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според него, однесувањето на СДСМ е калкулантско.

-Партијата е загрижена од ДУИ за да не притисне копче за предвремени избори. Ако се случеше ваков испад на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, или претседател на собраниска комисија, премиерот и владеачката партија веднаш ќе го осудеа и ќе бараа оставка. Ваквото однесување на Ковачевски е непринципиелно. Се навредуваат мајки со снимката. Ќе имаше осуди од сите страни, смета Милошоски.

-Ќе беше демократски ако Џафери поднесеше оставка и можеа да си изберат нов спикер. Очигледно вака има солидарност меѓу СДСМ и ДУИ, додава пратеникот.

Слични содржини