„Да се лоцира одговорност за пожарот“: Протестен марш во Тетово

од Nikola Popovski

Денеска во Тетово денеска се одржа протестен марш со барање да се лоцира одговорност за пожарот кој однесе 14 животи. Маршот почна од градскиот плоштад, а граѓаните попатно застанаа и пред општинската зграда на Тетово каде се одржа говор, а веднаш потоа некои од нив почнаа да фрлаат со јајца.

Толпата се упати кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, a притоа застана кај изгорената модуларна болница.

„Треба да знаеме што е причината, зошто се случи тој пожар“, рече еден од демонстрантите во говорот кој беше одржан само на албански јазик.

„Правда, одговорност и оставка на владата“, гласеше еден од транспарентите, а демонстрантите побараа од надлежните целосно расчистување на случајот со пожарот.

Германските експерти од вчера влегоа во опожарената ковид-болница и ќе помогнат да се расвелти случајот. Тие само ќе го набљудуваат процесот на истрага.

Слични содржини