Дачиќ: Поместувањето на спомен плочата во Приштина е неприфатлив и скандалозен потег

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска оцени дека скандалозен потег е отстранувањето и преместувањето на спомен плочата на српските војници загинати во Балканските војни и Првата светска војна, во воениот дел на православните гробишта во Приштина, особено затоа што доаѓа од земји кои треба исклучително да го почитуваат придонесот на Србија во Првата светска војна.

„Имајќи предвид дека ваквата одлука е донесена на предлог на француската и германската амбасада, а никој не ги известил ниту Србите кои живеат таму, ниту српските институции, тоа е скандалозен чин, без разлика што има некакви оправдувања со кои се служат. Овде нема политизација на тој чин, но самиот тој чин е срамна политизација што е направена под притисок на албанските политички фактори во Приштина“, изјави Дачиќ за „Танјуг“.

Шефот на дипломатијата посочи дека во Приштина сакаат да скријат, преместат и уништат се што е српско, па затоа им пречат и спомениците и спомен-плочките кои потсетуваат на големиот број жртви што ги направија Србите во балканските војни и во првата светска војна.

„Бидејќи го сметаме Косово за дел од Србија, тоа не е предмет на активности на министерството за надворешни работи во однос на каква било реакција, но нашите државни органи кои се занимаваат со прашањата за Косово секако ќе ги преземат сите мерки за јасно ќе им укажат на претставниците на овие земји на неприфатливоста на таквиот потег“, рече Дачиќ.

На прашањето дали таквиот потег може да ги наруши односите со Франција и Германија, Дачиќ вели дека не треба да се зборува за тие категории, туку дека таквиот гест мора да се осуди.

„Дури и да сме најдобри можни пријатели, ако некој потег е лош, мораме да го осудиме. Во овој поглед, секако најостро го осудуваме таквиот гест“, рече тој.

Дачиќ изјави дека требало да се бара мислење од Србите од Косово, а не да се исполнат, како што рече, барањата да се отстрани се што потсетува на Србија од видливиот круг на албанските медиуми и политичари во Приштина.

Слични содржини