Дали дојде крајот на бракот на Хари и Меган?

од Stefanija Kuzmanovska

Меган Маркл беше се што сакаше принцот Хари, но се чини дека и нивната бајка наиде на проблеми. Се шпекулира дека нивниот брак е во целосна криза, но и дека Хари го напуштил нивниот заеднички дом.

Принцот Хари се обидува со сета своја сила, но не може да плови во мирно пристаниште. Од детските проблеми и комплицираните односи со татко му до забавите и преселувањето во Калифорнија. Откако заедно со сопругата Меган Маркл го напуштија Лондон и британското кралско семејство, принцот Хари направи неколку потези за да му се одмазди на семејството за лошиот третман, но се чини дека ниту ситуацијата во новото семејство не е она за што сонуваше.

Принцот Хари никогаш не криел колку го шармирала убавата актерка од Холивуд. Поради неа, тој се откажа од животот во кој сè му се сервира на послужавник, но она што се сервира никогаш не било она што Хари го сакал за себе.

Бегство од реалноста на кралското семејство бараше во забавите, служејќи војска, но и во Африка, каде што сега сака да се врати.

38-годишниот принц сака да сними документарен филм за Нетфликс во Африка, а директорите на сервисот за стриминг открија дека предлогот на Хари наишол на одобрување. Сепак, тој нема да ги однесе Меган или неговите деца на континентот каде што го нашол својот мир, а целта му е повторно да се „пронајде“ и да обезбеди финансиски средства за раскошен животен стил во Калифорнија.

„Тој стрес, заедно со нивните емоционални проблеми, веројатно го направија животот пекол“, шпекулираше извор за PageSix, кој тврди дека семејството е под голем финансиски притисок.

Многумина тврдат дека Хари и Меган наишле на големи брачни проблеми кои го довеле нивниот брак до работ на колапс.

RadarOnline објави дека војводата и војвотката од Сасекс се во поголема неволја. Напнатоста со кралското семејство, документарниот филм, автобиографијата и неуспешниот договор со Spotify исто така влијаел на односот на двојката.

„Тие се обидуваат да разберат што ги снајде. Хари не се вклопува во излитениот свет на Меган во Тинселтаун“, откри извор за RadarOnline, но извор на PageSix жестоко ја негираше брачната криза: „Не е вистина, тоа е буквално измислено“, рече извор близок до парот.

Сепак, се шпекулира и дека парот ја продал вилата во Монтесито и дека британскиот принц во бегство се преселил на друго место.

Слични содржини