Дали е исплатливо предвреме да се отплати кредитот?

од Vladimir Zorba

Доколку на пазарот се намалат каматните стапки, а сè уште го отплаќате кредитот со повисока каматна стапка, можеби треба да се размисли за предвремена отплата на кредитот или за негова замена (рефинансирање) со нов кредит.

Организацијата на потрошувачи на Македонија разви калкулатор што го пресметува и амортизациски план во кој ќе бидат прикажани износите на ратите што останале неисплатени и новиот износ на месечните рати (доколку кредитот се замени со нов), а ја прикажува и разликата во каматата меѓу првобитниот кредит и ориентационен пример за новиот кредит.

За пресметка потребно е да се внесат податоци за: износот на постојниот кредит; првобитниот број на рати, односно, месеци во кои требало да се врати кредитот; преостанатиот број на рати кои не се отплатени; постојната каматна стапка; новата каматна стапка (доколку сакате да го рефинансирате кредитот, односно да се префрли во друга банка) и податоци за промена на рокот на отплата.

Пример, ако кредитот е 300.000 денари, кредитот бил земен на период од пет години (60 месеци), каматната стапка била 7,8%, а новата каматна стапка (на новиот кредит) е 6%, преостанати рати – 20, а преостанат износ за отплата – 121.085 денари.

Слични содржини