Дали има надеж за Италијанците: Бројот на нови смртни случаи повторно опаѓа

од Nikola Popovski

Во Италија починале 542 лица во последните 24 часа, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 17.669 во таа земја.

Бројот на новозаразени се зголеми и изнесува 3.836 во однос на 3.039, колку што биле претходниот ден.

Тоа е најмал број на нови случаи од 13 март.

Исто така, бројот на починати во текот на еден ден е најмал од 17 март, покрај 5 април, како единствен ден во кој имало помалку смртни случаи во текот на овој период.

Бројот на починати лекари исто така се зголемил и сега изнесува 96.

Во Италија досега се заразени 139.442 лица, додека 17.669 лица починале. Тоа е најтешко погодената држава во светот.

Слични содржини