Дали принцот Едвард може да стане глава на кралското семејство?

од Vladimir Zorba

Додека 75-годишниот крал Чарлс Трети и 42-годишната Кејт Мидлтон одат на хемотерапија, за да ја добијат битката со дијагностицираниот рак, а 41-годишниот принц Вилијам ги намалува сите обврски и појави, за да може да биде со сопругата и децата колку што е можно повеќе, кралските должности паѓаат на другите членови на семејството.

Иако за време на владеењето на кралицата Елизабета II одговорностите беа речиси рамномерно распределени, одлуката на кралот Чарлс да го намали бројот на вработени членови на семејството во моментот кога седна на тронот имаше свој ефект.

Чарлс сега на располагање ја има сопругата, кралицата Камила, но и неговата најдоверлива личност, неговата единствена сестра, принцезата Ана. Тука е и омилената снаа на покојната кралица, Софи, војвотката од Единбург, а најголемата листа на обврски, која мора да се исполни, ја доби 60-годишниот принц Едвард поради болеста на неговиот брат.

Роден како најмладиот од четирите деца, со сите потомци на секое од нив, принцот Едвард моментално е само 14-ти во редот за наследување на тронот, поради што никогаш не се ни надевал дека би можел да добие некои поважни обврски. Тој направи што можеше, малку оддалечен од љубопитната јавност.

Но, откако Чарлс јасно стави до знаење дека не смета на својот помлад син, принцот Хари, исто како и неговиот брат, принцот Ендру, Едвард ги доби своите пет минути.

Дека кралот Чарлс не можеше да добие подобра личност да ја претставува „Компанијата“, потврди и сопругата на Едвард, Софи, која во еден од нејзините говори рече: „Што и да прави, дава 150 проценти од себе“.

Она што е интересно е дека Едвард не бил толку омилен во неговото семејство, особено откако на млада возраст ја напуштил обуката за кралски маринци и се испробал во шоубизот, дури и се појавувал со членовите на семејството во емисијата „It’s Knock Out“ на ITV. Но, со текот на годините се се промени, па Едвард и Софи станаа едни од најпопуларните, но и највредните членови на семејството.

Единствениот кој секогаш го фаворизираше беше неговиот татко, покојниот принц Филип, кој не криеше дека Едвард му е омилен. Затоа и не е чудно што тој беше особено почестен кога минатата година ја презеде титулата војвода од Единбург, која ја имаше неговиот татко за време на неговиот живот.

„Тоа беше голема привилегија со голема тежина на очекувања. Има многу наследство што доаѓа со таа титула и се што правеше татко ми, особено кога не го наследуваш тоа – тоа е избор. Тоа е едноставно најчудното чувство.’

Слични содржини