Дали се отруени? Извршена обдукција на починатите коњи од Скопската зоолошка

од Nikola Popovski

Во Скопската зоолошка градина за два дена угинале три ретки и многу вредни коњи кои се потекло од Монголија. Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека во неделата околу 14 часот угинал уште еден коњ во Зоолошката градина, откако претходниот ден починале две животни.

Смртта на коњот во полиција ја пријавил вработен во Зоолошката градина кој се посомневал дека коњите се отруени.

Овие коњи се донесени во скопската зоолошка градина од Австрија како донација.

Зоран Попов, в. д. директорот на скопската Зоолошка градина денеска информира дека направена е обдукција и се чекаат официјалните резултати од Факултетот за ветеринарна медицина.

Коњите претходно не покажувале знаци на болест, а во близина имало и мртва птица.

Слични содржини