Дали Трамп им ја отвора вратата на радикалните екстремисти во Авганистан и Ирак?

од Stefanija Kuzmanovska

Планот на Трамп да го намали бројот на американски војници во Авганистан и Ирак на по 2.500 до средината на јануари е шамар во сојузниците.

Намалувањето на бројот на американски војници ги зајакнува и екстремистите во тие земји, јави дописникот на ДВ од Вашингтон, Инес Пол. Уште еднаш се расипаа надежите дека со јасната победа на Џо Бајден му се стави крај на непресметливото владеење на Доналд Трамп.

Актуелниот претседател на Соединетите држави ги држи лостовите на моќ во своите раце уште девет недели. И тој е подготвен да ја искористи својата моќ до последниот момент.

Тоа го докажува и неговата најава дека бројот на американски војници во Авганистан ќе се намали од, како што се проценува, од 4.500 на 2.500, а во Ирак од 3.000 на 2.500 и тоа до 15 јануари. Тоа е само пет дена пред неговиот наследник Бајден да ја преземе власта.

Таа неодговорна и избрзана одлука носи огромна тежина.

Ќе се отвори вратата за радикалните сили

Војните во тие земји што траат со децении оставија длабоки рани. Ниту Ирак, ниту Авганистан немаат стабилна држава што може да ги заштити своите граѓани од насилство.

Сегашната состојба е, без сомнение, апсолутно незадоволителна, но присуството на американски трупи овозможува одреден степен на предвидливост. Во Авганистан тие се средство за притисок во застојот на мировните разговори со талибанците. Ако Американците се повлечат сега без никаков налог, тоа ќе ги отвори сите можни врати за радикалните сили.

Во Ирак, најдобро беше да се види колку тоа оди во прилог на Исламската држава (ИД). Сирија е исто така доказ дека постојниот вакуум на моќта го пополнуваат други сили, оние што ги следат само нивните сопствени интереси. Тоа е опасно за меѓународната заедница, и смртоносно за авганистанските жени и мажи, за оние кои денес се борат за демократска држава што ги цени човековите права.

Нема иднина за НАТО

Некоординираното повлекување на Трамп е шамар за сојузниците. Како прво, НАТО, кој го прогласи Casus foederis за прв пат по 11 септември, кога целата Алијанса застана на страната на Соединетите држави. И сега американскиот претседател ги крши тие железни правила. Партнерите од НАТО беа испратени во САД за логистичка поддршка во интервенцијата во Авганистан.

Тешко наследство за Бајден

Трамп ги повлекува војниците и покрај советите на неговите генерали и водечки републиканци. На Бајден ќе му треба многу сила да ги врати работите во нормала.

Но, до 20 јануари уште многу работи може да се случат.

 

Слични содржини