Данилов: Крим ќе биде без вода во наредните три, пет, 10 години

од Stefanija Kuzmanovska

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексеј Данилов, денеска изјави дека Русите со минирањето на хидроцентралата Каховка го лишиле Крим од вода за пиење во следните три, пет, 10 години, односно додека браната не биде повторно изградена.

Данилов рече дека снабдувањето со вода на полуостровот ќе биде физички невозможно, пренесува „Униан“.

Браната Каховка беше уништена во вторникот, водата од акумулацијата се излеа и го поплави околниот простор.

Поплавени десетици илјади хектари земјоделско земјиште на југот на Украина

Поради уништувањето на хидроелектричната брана Каховка, поплавени се десетици илјади хектари земјоделско земјиште на југот на Украина, а најмалку 500.000 хектари, кои останаа без наводнување, може да се претворат во „пустини“, соопшти украинското министерство за земјоделство.

Украина, голем светски производител и извозник на жито, ја обвини Москва дека извршила воено злосторство со минирање на хидроелектрична брана, која Русија ја окупираше на почетокот на војната, пренесува „Ројтерс“.

Руските власти тврдат дека Украина ја саботирала браната Каховка со цел да го сврти вниманието од неуспешната контраофанзива и да го прекине водоснабдувањето на Крим.

Слични содржини