Данска: Уапсени тројца Иранци за шпионажа

од Nikola Popovski

Данската Служба за безбедност и разузнавање денеска соопшти дека уапсила и обвинила тројца Иранци за шпионажа во интерес на Саудиска Арабија во Данска.

Тројца членови на АСМЛА (Арапско движење за ослободување на Ахваз) „спроведоа шпионски активности во име на саудиската разузнавачка служба во периодот од 2012 до 2018 година.

„Меѓу другото, тие собрале информации за лица во Данска и во странство и ги пренеле до саудиската разузнавачка служба“, се вели во соопштението на данската Служба за безбедност и разузнавање.

Слични содржини