Дастин Хофман е обвинет од уште три жени за сексуално вознемирување

од desk4

Уште три жени го обвинија актерот Дастин Хофман за сексуални напади, со што неговите жртви станаа шест, соопштија светските новински агенции, повикувајќи се на списанието Variety.

Инцидентите се случиле во 80-тите години на минатиот век. Две од жените раскажаа дека Хофман сексуално ги малтретирал во 1987 година, а третата – дека тој се разголувал пред неа во 1980 година и побарал да му ги масира стапалата, кога таа имала 16 години.

Адвокатот на 80-годишниот актер вели дека обвинувањата се клеветнички и лажни. Едната од жените е сценаристката Кори Томас, која била соученичка на ќерката на актерот. Таа ракажала дека тој се разгорел пред неа во хотелска соба кога имала 16 години. Според неа ја спасил телефонски повик од нејзината мајка.

Другата жена, Мелиса Кестер, рече дека актерот ја допирал околу гаќичките додека бил во студио на снимање за филмот „Иштар, односно бил скриен. Тој истото го сторил и со актерката за време на снимањето на филмот.

Во изминативе два месеци, уште три жени го обвинија Дастин Хофман за сексуално вознемирување или напад.

Актерката Кетрин Росетер и писателката Ана Греам Хантер рекоа дека многупати ги допирал додека работел на претставата и филмот „Смртта на патникот во 1983 до 1985 година.

Телевизиската сценаристка Венди Рис Гетианис исто така изјави дека е жртва на сексуално вознемирување од Дастин Хофман во 1991 година.

Скандалозните откритија за познати личности кои ги погодија нивните колеги следеа по отфрлањето на митот за продуцентот Харви Вајнштајн. Наскоро стана јасно дека Ума Турман и Салма Хајек исто така биле негови жртви.

Слични содржини