Дац и Митевски: Пандемијата ќе биде победена од уметноста

од Nikola Popovski

Денес во и пред Соборниот храм во Скопје , се одбележа традиционалната прослава на Бадник, оваа година по јубилеен 30-ти пат. Желби за здравје, љубов, насмевки, мир во домот и во семејствата, слога и почитување, упатија поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, новите кумови Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, здравичарот Живко Поповски – Цветин, како и минатогодишниот кум д-р Никола Пановски и минатогодишниот здравичар д-р Миодраг Врчаковски.

-Убав е денов, убаво почна и годината, со сонце. Актер, музичар и ликовен уметник, тоа сме ние тројца. Тука сме и искрено се надевам дека пандемијата ќе биде победена од уметноста, изјави Дац откако претходно во Соборниот храм заврши церемонијата по повод осветувањето на бадниковата погача.

Според него, убаво е да си кум на бадникарите кои се прекрасни луѓе и ја одржуваат традицијата.

-Сум бил неколку пати тука, на оваа бина, како пејач, но сега сум тука и како кум. Многу ми е драго што ќе ја продолжиме оваа тадиција со Дац. Ќе гледаме да ја стивнеме короната, да правиме убави акции и песни. На сите граѓани им поскаувам добро здравје, а бадниковите гранчиња што ќе ги поделиме да донесат мир и спокој, нагласи Митевски.

Пред присутните се обрати и Пановски, напоменувајќи дека најголема чест за него досега е тоа што имал можност да биде кум на манифестацијата.

-Религијата и науката можат и мора да делуваат заедно, особено во вакви тешки времиња. Оваа година сите тројца, и двајцата кумови и здравичарот, се уметници и хуманисти. Голема чест за мене е што на вакви личности им ја предваам оваа чест. Минатата беше најтешка година во историјата на државата и се надеваме, се молиме да не се повтори, потенцира Пановски.

Според него, Дац и Александар внесоа оптимизам, твореа кога многу нивни сограѓани паднаа во депресија и нивната порака беше јасна – не се предавајте.

Слични содржини