Де Хеа повторно е опција за Реал Мадрид

од Vladimir Zorba

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа повторно го привлече вниманието на Реал Мадрид. 33-годишниот голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, не е првпат да се поврзува со Белиот балет, а „Бернабеу“ сега повторно ја разгледува можноста за потпис за следната сезона, тврди „Релево“.

Де Хеа минатото лето беше поврзуван со Реал по повредата на Тибо Куртоа, но тогаш Мадрид изненадувачки реши да го земе Кепа Аризабалага на позајмица од Челси. Сепак, тој не успеа да импресионира и ќе биде вратен кај лондончани, додека третиот голман Андриј Лунин исто така се очекува да замине во потрага по поголема минутажа. Така, на „белиот балет“ итно ќе му треба нов чувар на мрежата со оглед на тоа што Тибо Куртоа продолжува да се опоравува од операцијата на менискусот и не е јасно кога ќе може да се врати под рамката.

Самиот Де Хеа сигурно би бил искушуван од потенцијална понуда од Реал Мадрид. Шпанецот покажа дека не се брза со изборот на нов тим и одби неколку понуди кои не му се доволно привлечни, главно од Саудиска Арабија.

Слични содржини